„Запад си пукаше во глава“ со санкциите на руска нафта и гас, вели Захарова

Обидувајќи се да го ограничи увозот на нафта и гас од Русија, „Запад сам си пукаше во глава“, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Извозот на енергенси полека расте. Кина знае што сака и не си пука во сопствената нога. Од друга страна, западно од Москва самите си пукаат во глава“, кажа Захарова.

Според неа „стратешкото партнерство на Москва и Пекинг ги издржа обидите на Западот да посее раздор“, додавајќи дека Европската Унија „самата си поставила самоубиствена насока“ обидувајќи се дада се ослободи од зависноста од руските енергенси.

„Руските дипломатски ресурси веќе се насочени подалеку од САД, Европа и Канада, кон Азија, Африка и поранешниот Советски Сојуз“, додаде Захарова, како што пртенесе МКД.Мк.