Еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се бори против НАТО во Украина и дека Запад се обидува да ја распарчи Русија и конечно да ја избрише од политичката карта на светот.

„Настаните во Украина не се конфликт меѓу Москва и Киев – ова е воен конфликт меѓу Русија и НАТО, а пред се (Русија) и САД и Британија“, изјави секретарот на рускиот совет за безбедност Николај Патрушев.

„Плановите на западњаците се да продолжат да ја распарчуваат Русија и на крајот само да ја избришат од политичката карта на светот“, изјави Патрушев за руските медиуми.

Поранешниот советски шпион кој го познава Путин од 1970-тите е негов верен сојузник и се смета за еден од ретките луѓе кои можат да влијаат на рускиот претседател.