Вчерашната реакција од Москва, која го прогласува референдумот во Македонија за неуспешен поради ниското учество, е показател за намерите на Владимир Путин за развојот на настаните на Балканот, пишува CNN-Greece.

Со соопштението, Русија се „соочува“ со Западот, а особено НАТО и ЕУ, обвинувајќи ги за вмешаност во внатрешноста на Скопје и Атина и најавувајќи ги следните чекори.

„Како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, Русија внимателно ги следи случувањата во оваа ситуација. Според став 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност, резултатите од разговорите меѓу Скопје и Атина ќе бидат разгледани во Советот за безбедност на ОН“.

Мора да се земе за сериозно дека контроверзиите на Западот и Москва ќе продолжат и во наредниот период, додека ситуацијата и во Македонија и во Косово веќе се дискутирала за време на вчерашниот состанок на Владимир Путин и Александар Вучиќ.

Москва може да стави вето на преспанскиот договор во ОН!?