Замрзнати цените на основните прехранбени продукти

Цените на основните производи ќе останат на ниво од 1 декември годинава, а одлуката ќе важи до 31 јануари догодина, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот го налага тоа, одлучи денеска Владата.

„Со оваа одлука се утврдуваат највисоките цени во трговијата на големо и мало на основните прехранбени производи и тоа: лебот; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со содржина на маснотии од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и месни производи; сирење и урда.“

Од Пазарниот инспекторат информираат дека ќе ги зајакнат контролите.

Наглото поскапување на храната започна со поскапувањето на маслото за јадење

Неколку пати во последните два месеца токму министерот за економија Крешник Бектеши велеше дека Владата ја следи состојбата со инфлацијата и оти не гледа причина да интервенира за да го спречи растот на цените.