Замрзнат имотот на Рашковски и на неговите малолетни деца

Основниот кривичен суд – Скопје го замрзна имотот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој е обвинет во случајот за злоупотреба на јавни набавки.

Како што се наведува оттаму, замрзнат е и имотот на неговите малолетни деца, дознава Макфакс.

Рашковски, во селото побожје на Скопска црна гора купил земјиште со намера да изгради хациенда, а како инвеститор се јавуваат неговите две деца.

Рашковски и уште три лица се осомничени дека ја оштетиле државата за 17.642.237 денари и мерката е побарана за да не дојде до осуетување на оштетното побарување. Замрзнат е и имотот на двете малолетни деца на Рашковски.

Привремените мерки за обезбедување на имотно-правното барање ќе траат најдолго до правосилно завршување на кривичната постапка или до поинаква одлука на судот.

Во исто време претходно изречените мерки за обезбедување на осомничените се продолжени за нови 30 дена.​