„Замрзна“ цената на лебот во Србија

Владата на Србија усвои Регулатива за задолжително производство и продажба на леб од брашно „Т-500“, со која се пропишува максималната продажна цена на оваа храна во износ од 54 динари (28,5 денари).

Трговците кои продаваат леб мора во своите продавници да имаат најмалку 30 отсто леб направен од брашно „Т-500“. На производителите на леб ќе им бидат продадени 32.000 тони вакво брашно.


„Целта на регулативата е да се заштити пазарот, односно да се спречат деформации во формирањето на цените на овие стоки, кои се многу важни за понудата на потрошувачите, особено пониските социјални категории“, соопштија од Владата на Србија.