Замислете да нема граница меѓу Бугарија и Македонија, мечтае Петков

Во стилот на славната „Јас имам сон“ на американскиот борец за човекови права Мартин Лутер Кинг, бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук ги повика граѓаните на Бугарија и на Македонија да си замислат дека нема граница меѓу двете земји.

„Замислете граѓаните на Република Бугарија и на Република Северна Македонија да уживаат меѓусебно почитување, почитување на нивните права и просперитет. Двете земји треба активно да придонесуваат за развој на заеднички компании, да создаваат огромна додадена вредност заедно, да имаат растечки економии, да имаат заеднички детски кампови, да имаат заеднички концерти, да имаат заеднички образовни програми, да нема грани меѓу нашите две земји, да нема дискриминација, да нема јазик на омраза, да градиме автопати, да имаме модерни железнички линии. За многумина овие зборови звучат како сон, други организираат секакви провокации за да не се случи тоа, трети, едноставно, не сакаат стабилност на Балканот. Јас и Димитар веруваме дека тоа е можнои нема да подлегнуваме на провокации, туку ќе работиме сконцентрирано и заеднички за да го постигнеме тоа. А на сите злонамерни страни можам само да им кажам: нема да нè запрете!“, порача Петков на Фејсбук.