Заминувам од позицијата министер горд на сработеното, вели Филипче?!

Довчерашниот министер за здравство Венко Филипче, во чиј мандат 8.115 луѓе починаа од Ковид-19, а 14 живи изгореа во модуларната болница во Тетово, се „одјави“ од функцијата на Фејсбук со пораката дека бил „горд на сработеното“!

„Ви се заблагодарувам уште еднаш на сите кои ја препознавте посветеноста и трудот со кој работев, но и на оние кои добронамерно ме критикуваа и советуваа. Заминувам од позицијата министер горд на сработеното, знаејќи дека сè што направивме, секоја одлука која ја донесовме, ја носевме исклучиво во интерес на здравјето и заштита на граѓаните. Со оваа мисија продолжувам да работам и понатаму. Ви благодарам“, се обрати тој преку Фејсбук заедно со придружно видео за „сработеното“ на линкот: https://fb.watch/aBF_MAfD_D/