Заменик претседателката на СДСМ и шефица на УЈП Сања Лукаревска прави споредба на работењето на ВМРО-ДПМНЕ со мерките и политиките на СДСМ.

Според Лукаревска мерките на СДСМ даваат очигледни резултати и тие во секој сегмент се подобри од времето на власта ма ВМРО-ДПМНЕ.


,,Нема сегмент во којшто СДСМ ако се спореди со ВМРО-ДПМНЕ нема подобар резултат. Со ВМРО-ДПМНЕ минималната плата беше, со СДСМ е 20.000 денари. Просечната пензија во време на ВМРО-ДПМНЕ беше 13.000 денари, а сега со СДСМ е 19.000 денари. Невработеноста со ВМРО-ДПМНЕ беше 25%, со СДСМ моментално е 14%. Донесовме директни странски инвестиции од 760 милиони евра и тоа во кризна година, што е два пати повеќе од 2016 година”, порача Лукаревска од паркинг во Велес каде беше дел од партијата кампања на СДСМ наречена рамо до рамо.

Целото соопштение на овој ЛИНК