Полицијата во германскиот град Дрезден соопшти дека вооружен маж земал луѓе како заложници во трговски центар. Според локалното Радио Дрезден, вооружениот маж се уште е не е неутрализиран.
Полицијата моментално е во телефонски контакт со осомничениот кој се наоѓа во трговскиот центар Altmarktgalerie. Преговарачи и специјалци се на терен со полицијата во Дрезден.
Службите за итни случаи пронашле мртва 62-годишна жена во станбена зграда во областа Прохлис во Дрезден.
Како што јави Радио Дрезден, осомничен е нејзиниот 40-годишен син, кого полицијата го поврза со заложничката криза.
Бидејќи се криел во трговскиот центар Altmarktgalerie, полицијата почнала да ги евакуира купувачите. Меѓутоа, напаѓачот во еден момент земал заложници.
Полицијата ги повика луѓето да го избегнуваат централното градско подрачје. Радио Дрезден претходно објави дека се пукало во зграда во близина на главната железничка станица.
