Законски, денеска започна пописот – или не…

Истече рокот за измени на Законот за попис со кој ќе требаше да се одложи големата статистичка поперација која, според законот кој е во сила тренба да се одржи од 1 до 21 април.

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот се согласиле дека поради пандемијата и опасноста по здравјето на луѓето, пописот треба да се одложи односно да се одржи во септември.

Претседателот на Собранието Талат Џафери реагираше на догоореното со став дека „Пописот не може да се одложи на прес конференција“ и дека за тоа постои процедура во Собранието.

И министерот за правда Бојан Маричиќ рече дека според важечкиот закон поисот треба да стартува од 1 април и дека она што ќе бида сработено ќе важи и за оној во септември.

Иако се очекуваше вчера до полноќ во Собранието измените на Законот за попис не беа изгласани.

Останува, значи, да важи рокот дека од денеска треба да започне теренската статистичка операција.

Кабинетот на претседателот на парламентот Талат Џафери, вчера соопшти дека пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернативата не прифати започнување на седницата за законските измени.

Оваа колаиција објави дека „го спасила пописот“ и дека треба да започне денес.

Агендата на работата на Собранието треба да биде објавена денес, а вчера состанок имаа координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието.

Од друга страна, нема изјава од директорот на Државниот завод за статистика, дали регистрацијата ќе започне денес или не.

Апостол Симовски во изјава за медиуми рече дека попишувачите ги вратиле комјутерите кои им биле дадени за работа на терен.