Откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправо изградени објекти, од партиите што го изгласаа укажуваат на формално-правната процедура со којашто тој повторно ќе оди во собраниска процедура.

Пендаровски вчера го извести спикерот Талат Џафери, дека одлучил да не го потпише Указот за прогласување на Законот, со образложение дека текстот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот. 

Пендаровски е со став дека текстот на Законот нема општествена оправданост, односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес. 

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал Љупчо Николовски смета дека дивоградбите кои требаше да бидат опфатени со новиот Закон за легализација не треба да се рушат оти на тој начин 50.000 граѓани ќе останеле брз покрив над главата. Николовски вели дека СДСМ и Владата ги штитат интересите на сиромашните и ранливите граѓани и затоа бил донесен Законот за легализација на бесправно изградени објекти.