Профил на Фејсбук со име Роберт Вретоски вечерва упати закана за убиство на синот на кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ.

Профилот Роберт Вретоски кој на социјалните мрежи објавува слики од настани на СДСМ преку Фејсбук бара лекарот Борче Јовчевски кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп да ја повлече кандидатурата или ќе го најде својот син мртов.

“Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ке го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче.!”, пишува профилот со име Вретоски кој за политички цели ја користи семејната трагедија на докторот Борче Јовчески.

На потег се МВР , министерот Спасовски и Јавното обвинителство кои мораат да го заштитат доктор Јовчески од заканите.

Три часа по заканите лицето зад името Роберт Вретоски не е приведен од полицијата во Прилеп.