Ако Македонија не направи уставни измени, на крајот на оваа година земјата ќе се одвои од Албанија на патот на нејзината европска интеграција, се закани државната секретарка за европски прашања на Франција, Лоранс Бун, која беше дел од т.н „вајмарска тројка“ што пред пет дена го посети Скопје.
„Ако не се направат уставни измени пред крајот на оваа година, постои ризик РСМ да се одвои од Албанија. Уставните измени се дел од договорот што го постигнаа РСМ и ЕУ за автоматско продолжување на земјата во пристапниот процес“, рече таа и додаде: „Нема други барања“.
Француската државна секретарка го изрази своето задоволство од тоа што „предлогот за измени на Уставот е веќе на масата за дискусија и овој процес е веќе започнат“. Според неа, ова е многу важно.
„Нема други барања за почеток на претпристапните преговори. Иднината за почеток на преговорите е во рацете на парламентот, а РСМ има суверено право да одлучи што сака. Се надевам дека тоа ќе се случи и земјата ќе влезе во семејството на ЕУ“, изјави таа за Македонската информативна агенција (МИА).