„БПЦ треба што поскоро да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА и да дојде толку очекуваниот момент за заедничко сослужение на бугарскиот патријарх Неофит и македонскиот архиепископ Стефан. Верувам дека вршењето на оваа заедничка служба ќе биде силен сигнал за братска љубов меѓу двете православни цркви и двете нации“, вели за агенцијата БГНЕС професорот Драган Зајковски од Институтот за национална историја во Скопје.
Историчарот рече дека се надева оти бугарскиот патријарх наскоро ќе ја посети Северна Македонија и ќе одржи служба.
Посетата на бугарскиот патријарх во соседната земја се оценува „голема чест“ и од македонскиот епископ Јаков, кој леташе со бугарски владин авион за Велигден воЕрусалим од каде беше донесен Благодатниот оган.
Патријархот Неофит, од своја страна, за БГНЕС деновиве изјави дека посетата на Скопје сé уште не е дискутирана, но ова прашање е во тек.
„Ќе има дискусии, а потоа ќе биде одлучено што да правиме“ изјави бугарскиот патријарх, за БГНЕС.