Портпаролката на руското МНР го нарече „смешно“ барањето на Европа до Србија да се приклучи на санкциите против Русија и да ја признае независноста на Косово.
„Ова е навистина смешно. Што остана од Европа во Европската унија? Само географска врска со континентот. Европа како цивилизација моментално е зачувана само во Русија“, напиша на Телеграм, Марија Захарова.
Таа додаде дека европската традиција е уништена во ЕУ: Античките постулати на правото и правата, христијанските вредности и хуманистичките идеали се изопачени.
Реакцијата на за Захарова доаѓа откако Европскиот парламент пред неколку дена усвои необврзувачки документ во кој меѓу другото и се препорачува на Европската комисија напредокот на Србија кон ЕУ да биде условен со воведување санкции против Русија и видлив напредок во реформите.