Захарова: Воената помош од Бугарија за Украина ќе ги деградира билатералните односи, кои и онака се за жалење

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова, со осуда за одлуката на Бугарија да ѝ испорача воена помош на Украина.

„Одлуката на Народното собрание на Република Бугарија да ѝ обезбеди на Украина воена и воено-техничка поддршка ја сметаме за уште еден непријателски напад врз нашата земја, што ќе доведе до дополнително деградирање на билатералните односи, кои и онака се во жална состојба.

Сега одговорноста за продолжувањето и за ескалацијата на конфликтот во Украина, за илјадниците цивилни жртви, уништувањето на цивилната инфраструктура и поткопувањето на безбедноста во Европа, целосно паѓа на Софија.

Убедени сме дека бугарските законодавци се свесни за фактите за илегалната циркулација на оружје, вклучително и она што доаѓа од странство, на териториите контролирани од Украина и не можат, а да не бидат свесни за заканата од нивно паѓање во рацете на терористичките групи и на бандитските формации во бројни ‘жешки’ точки низ светот.

Се надеваме дека Софија за состојбите во Европа дознава од европски извори. Жалиме што и овој фактор остана несогледан“, рече Захарова на денешниот брифинг со новинарите.