Германците ќе го наградат „ненацистот Зеленски“ за братоубиствениот масакр и укинувањето на се што е руско, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„Ќе се појават нови фотографии на векот: Германците го наградија ненацистот Зеленски за братоубиствениот масакр, укинувањето на се што е руско, уривањето на спомениците на победниците на Третиот рајх, величењето на нацистичките соработници, уништувањето на православието, имплементацијата на илјадагодишниот „нагон“ – ослободување на „животен простор“ на Исток“, напиша на Телеграм Захарова пренесува б92.

Според неа, пред 80 години не успеале да го реализираат планот „Исток“ (Generalplan Ost), бидејќи тогаш биле „спречени од советските војници, кои ги изгаснале печките во Аушвиц“.

„Сега направија корекции и поставија поамбициозни задачи.

Тие заедно градат нова Европа – не „Јudenfrei“ (без Евреи), туку „Rosenfrei“ (без Руси).
И овој концепт ги вклучува сите националности на мултинационалната Русија.
Крвавите награди на режисерот се слеваат врз главниот изведувач: полскиот Орден на белиот орел, наградата Карло Велики“, додаде Захарова.

Претходно германскиот весник „Bild am Sonntag“ објави дека е можно Зеленски да ја посети Германија во мај. Според информациите, Зеленски би можел да присуствува на церемонијата во Ахен, Германија, каде што ќе му биде врачена наградата „Карл Велики“.

Оваа награда се доделува секоја година за придонес во обединувањето на Европа.