Захарова: Бугарија да престане со лов на вештерки

Вчера Министерството за надворешни работи на Бугарија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата, а веќе денеска официјална Москва предупреди дека Русија има право да одговори со иста мерка.

“Уште еднаш ја повикуваме официјална Софија да престане да учествува во кампањата за лов на вештерки која нанесува штета на националните интереси на самата Бугарија. Време е да се вратиме на конструктивната билатерална агенда, која е поприродна за односите меѓу Русија и Бугарија”, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа забележала дека во Бугарија ескалирала антируска “шпиономанија”, како се доближува 4-ти април – датумот за парламентарни избори.