Ова го изјавин поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева според која „Бугарите се дел од реалноста во РСМ и тоа треба да се прифати“.
Екс-министерката која сега е е заменик-претседател на комисијата за надворешна политика на бугарското нНародно собрание , порачува дека Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколу сака да започне преговори за влез во ЕУ.
Изјавата за агенцијата БГНЕС или подобро речено порака, доаѓа во пресрет на претстојното гласање во македонскиот парламент за вметнување на Бугарите во Уставот.
БГНЕС потсетува дека ова е едно главните барања утврдени во т.н. „Француски предлог“ што властите во Скопје се согласија да го спроведат пред одржување на втората Меѓувладина конференција меѓу С Македонија и ЕУ, и, според агенцијата, пред да започнат „вистинските преговори за членство на земјава во Унијата“.
Според Захариева „И Софија и Скопје губат од лошите односи. Многу е подобро да немаме граници меѓу нас и да се развива бизнисот. Важно е луѓето да можат слободно да се среќаваат и да комуницираат без страв“.
Таа уште повика „да прекине со дискриминацијата врз Бугарите, како и неодамна зачестените случаи на физичко и вербално насилство. И сето тоа е добро за РСМ и за граѓаните на оваа држава, тие самите да се чувствуваат добро во својата татковина, а не да се иселуваат“!?
