Таканаречениот „македонски јазик“ е преддокофициран бугарски литературен јазик. Ова е пишана регионална норма на една од шесте норми на бугарскиот јазик. Создаден е по 1945 година, вели екс-министерката за надворашни работио на Бугарија, Екатерина Захариева.
Таа тврди дека „нашите главни спорови со РСМ – за јазикот и за историската вистина“ ќе се решаваат согласно договореното.
„Декларациите ќе бидат дел од целиот пакет. Не можеме да ги обврземе другите 26 земји во ЕУ да размислуваат како Бугарија, дека нема македонски јазик“, вели Захариева.
Според неа важно е протоколите и договорите на Договорот (за добрососедство меѓу Бугарија и РСМ) да бидат вклучени во преговарачката рамка. Да има гаранции за (бугарското потекло на) Гоце Делчев, за Илинден…
