Во интервју за бугарската ТВ Нова, и покрај инсистирањето на водителот, шефдицата на бугарската дипломатија одби да одговори дали Бугарија ќе ѝ го попречи патот на Македонијакон ЕУ.

Таа уште еднаш укажа дека има чекори кои според Договорот за добрососедство треба да бидат исполнети и затоа инсистира да продолжи со работа заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.

„Треба да се возобнови работата на експертската комисија. Таа е составена од експерти и тоа постојано го повторуваме. Јас не мислам, ниту некогаш сум се надевала дека таа бргу, за една-две средби, ќе ја заврши работа, но таа по барање од македонска страна, поради изборите, прекина со работа. Таа не е составена од политичари, туку од експерти. Ако е експертска, не треба да застане со работа поради изборите“, вели Захариева.

Министерката инаку тврди дека дека Бугарија не не им го оспорува правото на Македонците за самоoпределување, бидејќи тоа, како што вели основно право на секој човек и официјална Софија нема никаков проблем со тоа.

„Тоа никој не им го оспорува, а тие си играат со тоа. Се работи за предизборна реторика, а Бугарија секогаш била добра тема кога таму има избори“, изјави МНР Екатерина Захариева во интервју за бугарската ТВ Нова.    

„Државите признаваат држави, а не нации и јазици, но тоа самоопределување и таа нација, кои тие ги градат од 1944 година, не треба да се темелат на лага и на антибугарска кампања. Треба да се темелат на вистината.

Основата на нашиот договор е историјата. Заедничката историја. Никој не им го оспорува правото да имаат држава и да се самоопределат. Но, не само според Декларацијата која ја донесе нашиот парламент, туку и според сите Декларации на Европската Унија, вклучувајќи ја и онаа на лидерите на ЕУ, последната од Загреб, па и во одлуката на Европскиот совет за отпочнување преговори со Македонија и со Албанија, каде што изречно се бара почитување на Договорот за пријателство и добрососедство“, вели Захариева.

Во видеото по 18 минута

https://www.vbox7.com/play:a526b93f3d