Загинал во сообраќајка велешенац кој бил пријавен за исчезнат

Вчера било пронајдено е телото на 59-годишниот маж од Велес, за кого медиуми јавија дека бил пријавен за исчезнат.

Тој загинал во сообраќајна несреќа на околу 1.400 метри по клучката за езерото Младост, кај Велес.

„На 07.12.2023 во 15.45 часот пронајдено е патничко возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, кое излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот Д.П.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот“, обајви МВР во полицискиот билтен.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош и извршен е увид. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.