Загинаа 14 хокеари во сообраќајка во Канада

Најмалку 14 лица загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во која камион се заби во автобус кој превезувал млади  хокеари во западна Канада.

Хокеарите на „Хумболт Бронкос“, на возраст од 16 до 20 години, синоќа патувале на натпревар по автопат во провинцијата Саскачеван, Канада,.

Од 28 лица кои биле во автобусот, Кралската канадска полиција, потврди смрт на 14 лица додека другите, од кои тројца во критична ситуација, биле префрлени во болница.

Канадскиот премиерт Џастин Трудо напиша на Твитер дека не може ни да помисли низ што минуваат родителите на загинатите хокеари и испрати сочуство на сите кои биле засегнати од страшната трагедија.