Загина сведок во судски процес за корупција против Нетанјаху

Сведок во случајот за корупција против поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху – загинал во авионска несреќа.

Според израелски медиуми, двете лица кои загинаа во авионската несреќа во близина на грчкиот остров Самос, се Хаим Гарон и неговата сопруга Ести.

Според „Тајмс оф Израел”, Хаим Гарон, које беше сведок на обвинителството во случајот против експремиерот Нетанјаху бил заменик шеф на израелското Министерство за комуникации.

На Нетанјаху му се суди во три случаи за корупција познати како Случај 1000, Случај 2000 и Случај 4000. Во случај 4000, кој е најсериозен од трите, Нетанјаху се сомничи дека ги злоупотребил своите овластувања додека бил премиер и министер за комуникации од 2014 до 2017 година.