За 15 отсто се зголемува ризикот од смртност од коронавирус со долготрајната изложеност на загаден градски воздух, покажуваат студиите објавени во списанието „Cardiovascular Research“, пренесува АФП.

Според научниците од авторитетниот германски научен институт Макс Планк, овој процент е еднаков на 19% од смртните случаи од ковид-19 во Европа, 17% во Северна Америка и околу 27% во Источна Азија.

Професорката Ана Хансел, од Универзитетот во Лестер, Велика Британија, дека врската помеѓу загадувањето на воздухот и смртноста од КОВИД-19 е „многу веројатна“, но во оваа фаза е рано да се обиде да се измери.