Граѓаните треба да знаат дека сите инвестиции кои државата ќе ги прави во фотоволтаици, ветерници, гасни централи ќе чинат пари, изјави денеска во гостување на Утрински брифинг премиерот Зоран Заев кој најави зголемувањна цената на електричната енергија,
„Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј, рече премиерот Зоран Заев.
