Заев за законот за дивоградби: Како ќе реши парламентот

Откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправо изградени објекти, премиерот Зоран Заев со став дека ова е последно носење на закон со цел да се стави ред и поредок на урбанизмите во државата.

Премиерот вели дека парламенот ќе се изјасни во кој правец ќе се турка работата со Законот за дивоградби, пренесе Инфомакс.


Може да се случи Собранието да не носи нов закон за легализација, да застанеме тука, ако преовладува такво мислење. Ако кажеме од утре да рушиме 50 000 домови, да ги рушиме, вели премиерот откако претседателот Стево Пендаровски одби да стави потпис на Законот за легализација на дивоградбите.

Законот за легализација на дивоградбите се носи за да се спасат преку 50 000 домови на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата, вели премиерот Зоран Заев коментирајќи го ветото на претседателот на државата.

Пендаровски вчера го извести спикерот на парламентот Талат Џафери, за одлуката со образложение дека текстот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на уставот.