На новинарско прашање дали размислува да поднесе оставка од морални причини поради трагедијата во тетовската болница, премиерот Зоран Заев со контрапрашање:

„За што, Мицкоски да дојде премиер да биде? Не, не размислувам за оставка!, рече Заев.

„Не, не размислував. Затоа што Мицкоски ќе биде премиер или заменик премиер претседателот на Алијанса, Зијадин Села.

Кога ќе заслужат. Кога ќе имаат емпатија со народот. Кога ќе бидат тука да помогнат, кога ќе дадат идеји. А, не вака грозотијата да ја користат на најлош начин. Кога е во длабока болка и црнина целата наша држава и народ. И тоа за трите дена жалост, без да мислат за чувствата на децата, на родителите и на сите нас“ рече Заев според кој додаде дека додека вака се однесувале никогаш немало да дојдат на власт.

Тој немаше дополнителен коментар за понудените оставки на Филипче и Хасани зашто, како што рече, секој ден дава изјави.