„Како политичар многу често сум во Грција, бидејќи моите деца учат во Солун и запознавам многу луѓе. Сите се толку љубезни, а има и такви кои велат „Господине Заев, јас сум против Преспанскиот, но вие сте добар човек. Затоа, ајде да работиме заедно“.
Ова го изјави поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчки „Катимерини“.
Заев ги фали придобивките од Преспанскиот договор, односите со Грција а според него и анкетите ја покажуваат Грција како еден од петте најдобри пријатели на Македонија, додека пред Преспа, таа беше еден од нашите три најголеми политички непријатели.
Вели дека е очигледна разликата во односите, а луѓето ги виделе придобивките од договорот.
„Нашите земји и порано имаа некаква економска соработка. Но, сега, после Преспа, се’ е отворено. Во * Македонија беа направени многу инвестиции од Грција, особено во енергетиката, додека во периодот на коронавирусот, Грција ни помогна со тоа што ни обезбеди вакцини. Сега градиме заеднички енергетски пазар и се обидуваме да бидеме отпорни и подобро подготвени за идните енергетски кризи. Ние сме мал регион и ако работиме заедно, навистина ќе бидеме посилни“, рече Заев.
Тој во интревјуто кажа дека некои десничарски партии сè уште не го прифаќаат ново име, но сега е во нашиот Устав и ќе го почитуваат.