Заев за ФАЦ: Меркел ни ветуваше дека ако го решиме спорот со Грција…

Во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг, кое е објавено на денот на закажаната средба со канцеларката Ангела Меркел, премиерот Зоран Заев предупредува на последиците доколку Македонија датум зџа отпочнуввање преговори со ЕУ.

Заев вели дека добил ветувања и од функционерите на ЕУ и од германската канцеларка Меркел дека доколку се реши спорот за името со Грција, земјата ќе може да напредува на патот кон ЕУ, пренесува „Дојче веле“.
„ЕУ останува голем поттик за нас. Сакаме да се подобриме, како држава и како општество. Но исто така е точно дека ЕУ, канцеларката Меркел и многу други шефови на европски влади ни дадоа ветување во однос на решавањето на спорот со Грција и спроведувањето на внатрешните реформи.

Ни беше речено: ‘Исполнете вие, ќе исполниме ние’. Уште од 2005, значи веќе 15 години сме кандидат за членство во ЕУ. Нерешениот спор со Грција сиве овие години беше голема пречка. Во февруари 2018 бев во Берлин, и пораката од Ангела Меркел беше големо охрабрување за сите нас: Доколку го решите спорот за името и ги започнете важните реформи, и Европа ќе се држи до својот збор. Канцеларката Меркел не посети и на нашиот Ден на независноста и ја повтори оваа порака“, вели Заев за ФАЦ.

Македонскиот премиер предупредува дека неисполнувањето на ветувањето кон неговата земја ќе има реперкусии врз целиот регион.