Никој не треба да прогласуваме за виновен додека тоа не се докаже, но ако некој го прекршил законот треба да одговара, вели премиерот Зоран Заев во врска со дипломатот Миле Миленковски кој беше приведен во Србија на 27-ми август по распишана меѓународна потерница од Ерменија.

„Се работи за наш граѓанин и апсолутно за секој наш граѓанин стоиме зад него додека не се докаже дека направил кривично дело надвор од државата. Дипломатите дел работи ги извршуваат дома и дел надвор од државата. Овој дипломат бил доста активен и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, во времето на Антонио Милошоски и на Никола Поповски кога тој бил назначен во ОБСЕ. Сите детали кои ќе стигнат од аспект на МНР и на правда ќе бидат соопштени“, рече премиерот како што пренесува Плусинфо.

Тој повтори дека никој не треба да биде прогласен за виновен додека не се докаже.

„Но штом има прифатено меѓународна потерница тоа значи дека една држана веќе издала правен акт, а тоа е Ерменија и тоа е докажано во таа држава. Наше е прво да го видиме предметот и да ги видиме доказите“ рече Заев.

„Тоа што го знам е од медиумите, немаме уште добиено предмет…

Се работи за една земја која не ни е толку позната. Не е некоја од соседството, не ги знаеме деталите. Јас првпат дознав дека таму имало некоја власт којашто се сменила, па некој брат на тогашен премиер или претседател. Навистина ни е непознато и на нам политичарите. Кога ќе има детали ќе биде објавено“, рече Заев.