Официјална Анкара оштро реагира откако македонската влада поддржа весник на организацијата ФЕТО на Фетула Ѓулен која Турција ја смета за терористичка.
Министерот Поповски вчера го објави списокот на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година. Донесена е одлука за поддршка на 11 медиуми, меѓу кои е весникот „Заман Македонија”.
Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникација, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, соопшти дека е обезбедена поддршка за весникот „Заман Македонија”, во рамките на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На вчерашната прес-конференција, министерот Поповски го објави списокот на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година. Во рамките на програмата учествувале 13 медиуми, а донесена е одлука за поддршка на 11 медиуми, меѓу кои е весникот „Заман Македонија”.
Весникот „Заман Македонија” кој според турската влада е поврзан со терористичката организација ФЕТО, во рамки на оваа програма добил материјална поддршка од 903.092 (околу 14.670 евра).
– Реакција на Амбасадата на Турција
Амбасадата на Турција во Скопје, писмено реагираше во врска со овој случај, при што нагласи дека остро го осудуваат тоа што весникот „Заман Македонија” добил материјална поддршка во рамките на оваа програма.
„Познато е дека Република Турција ја поддржува Република Македонија од нејзината независност на сите важни полиња. Поддршката и односот на Република Турција кон Република Македонија отсекогаш биле пријателски и добронамерни“, се вели во соопштението на турската амбасада.
„Одлуката на Владата на Македонија да се додели финансиска поддршка за весник на ФЕТО ја сметаме за скандалозна и неприфатлива. Очекуваме дека Владата на Македонија ќе ја преиспита својата одлука и ќе ги земе в предвид долгогодишните пријателски односи помеѓу двете земји и двата народи“, се додава во реакцијата на Амбасадата на Турција во Скопје.
Извор: Анадолу Агенција