Заев во Берлин доби награда за договор кој не го почитува и ја блокира Македонија кон ЕУ

Македонскиот премиер Заев денеска во Берлин добива награда и за акт потпишан од него а поради кој Македонија најверојатно нема да започне преговори за членство во ЕУ оваа година.

На 24 часа пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) на Зоран Заев ќе му биде врачена „Наградата за човекови права за 2020 година“, што ја доделува германската Фондација „Фридрих Еберт“.

Фондацијата официјално соопшти дека му ја доделува наградата на Заев „за неговите извонредни достигнувања“, а ќе му ја врачи германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Апсурдот на наградата е што меѓу причините за наградата е и Договорот со Бугарија кој сега Софија не го признава, бара нов и обвинува дека Македонија го крши.

“Меѓу „извонредните достигнувања“ на македонскиот премиер, посочена е неговата борба за граѓански и човекови права, но и договорите со Бугарија и Грција”, објавува македонската редакција на германскиот државен сервис Дојче Веле.

Македонските провладини медиуми молчат за фактот што Заев ќе прими награда, меѓу другото и затоа што постигнал а во исто време не почитува договор кој ја блокира земјата кон ЕУ.

Заев досега не најави дека ќе ја одбие наградата за дело кое ја блокира неговата земја во ЕУ.