Заев: Во белешката на АНБ за Камчев не се спомнуваат бугарски агенти…

Во вечарашниот настап на емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, премиерот Заев соопшти некои детаљи за службената белешка на АНБ, врз основа на која на бизнисменот Орце Камчев му беше изречена мерката притвор во траење од 30 дена. Тој документ Заев го видел неколку часа по апсењето на Камчев и читајќи го, се убедил дека во него има „идниции и докази“, пишува порталот Плусинфо.

„Не бил следен, не се работи за следење. И тоа агенти, Бугарија… Не е точно, нема таква работа. Има причини дома. Не смееме да зборуваме. Има неколку причини поради кои кај нив се пробудил инстинктот да напишат и да пријават“, изјави на Заев, објаснувајќи што видел во доверливиот документ на АНБ.

Како што е познато, до сега медиумите блиски до власта тврдеа дека во белешката на АНБ се спомнувале средби на Камчев со бугарски тајни агенти, еден месец пред неговото апсење.

По ова, реагираше бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој овие тврдења ги нарече „глупости на директорот на АНБ Виктор Димовски“.

На општо изненадување, Заев вечерва потврди дека во спорниот документ не се спомнувале никакви бугарски агенти, но не прецизираше за какви „домашни причини“ станува збор.(Плусинфо)