Заев во Атина!

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска ќе престојува во дводневна посета на Атина и ќе разговара со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во рамки на традиционалната конференција организирана од „Економист“.

Заедно со Заев се и вицепремиерите за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и за европски прашања Никола Димитров, како и министерот за надворешни работи Бујар Османи

Имплементацијата на „Преспанскиот договор“ ќе биде една од главните теми кои ќе се најдат на тркалезната маса.

Портпаролот на Владата на Грција, Стелиос Пецас, изјави дека било многу важно по завршувањето на парламентарните избори во с. Македонија да се оствари една ваква средба.

Исклучително е важна можноста одново да разговараме. Европската перспектива на регионот е приоритет. Многу проблеми можеме да решиме преку интегративните и прединтегративните поглавја што ќе се отворат и затворат, рече Пецас.