На вчерашната трибина во Охрид премиерот Зоран Заев му вети на инвеститорот на хотелот во Лагадин – што прекрши 12 закони – дека ако треба лично ќе ја донесе Второстепената комисија и ќе го реши случајот.

Инвеститорот Никола Толески му се пожали на премиерот Заев дека сака да го догради објектот, кој според него бил „обично објектче“ за семеен бизнис со 8 соби и 9 апартмани, пренесува порталот „Сакам да кажам“.


„… Имате некои мечки вие овде во Охрид во Одделението за урбанизам. Сакам да знаат кој сака нека е , може да прават пркоси, но тие пркоси еден ден ќе завршат. Премиерот е достапен на сите. Тој што прави скриени марифети од позади, не знам со кој причини, ќе излези на површината“ – рече меѓу другото Заев во одговор на молбата на Толевски и потсети дека премиерот лично неколку пати давал насоки на министерот да се реши проблемот, пренесува порталот „Ако“.

https://www.facebook.com/ohrid1/videos/2032369576879144/