„Заев лаже кога вели дека ќе има целосна мисија на ОБСЕ и ОДИХР, тоа е лажна приказна на Заев, затоа што сака избори без набљудувачи. Доколку Заев сака некој да му верува, нека покаже јавно каде ОБСЕ се има изјаснето дека ќе испрати целосна мисија“, реагираше лидеро на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по изјавите на лидерот на СДСМ дека посматрачи на ОБСЕ биле подготвени да ги следат изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги демантираат и тврдењата за Заев изнесени во синоќершното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 дека опозициската партија барала парламентарните избори да се одржат на 8 јули.

Од ДПМНЕ велат тоа не е предлог на ВМРО, туку, според нив, тоа е предлог на СДСМ кој опозицијата го одбила.

„Додека се губат животи од коронавирусот на Заев паметот му е само во избори. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, но нема да гази по мртви луѓе. Животот на граѓаните нема цена. СДСМ ќе изгуби. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да е. По поразот ќе следи одговорност за сите криминали, корупција и штети што и ги нанесе на Македонија. Тоа е причината зошто Заев бега и постојано ретерира“, велат од ДПМНЕ.