Заев вели дека Мијалков се предал затоа што немал друг избор

Премиерот Зоран Заев вечерва на прес – конференција пред Владата изјави дека во изминатите 24 часа институциите направиле акција со редовни и вонредни мерки и рече дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков немал друг избор и се предал.

Премиерот тврди дека се избегнати сите потенцијални ризици.

“Мијалков првично избега. Останува нашата посветеност и одлучност и барање да се истражи како се случи бегството” , рече Заев.

Премиерот изјави дека компромис за правда нема и нема да има.

Денеска институциите удрија по маса, рече Заев.

Попладнево екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков се предаде во Обвинителството. Пред да влезе во обвинителството, тој даде изјава за ТВ24 пред просториите на обвинителството.

Рече дека вчера бил изолиран, бил болен со температура над 40 степени, со симптоми на Ковид-19 и немал намера да бега, а кога дознал што се случува дошол пред ОЈО.

Тој се извини на целата јавност и кажа дека е тука да го земе решението за домашен притвор.

Целото видео на Инфомакс.мк