Заев утре ќе ги активира оставките

Извори во СДСМ, соопштуваат дека утре во 17 часот ќе заседава Извршниот, а во 19 часот и Централниот одбор на СДСМ, на кои ќе се расправа за оставката на Заев од лидерската позиција, дознава Канал 5.

Истиот ден и партијата на Африм Гаши, Алтернатива ќе одлучува дали ќе се приклучи на владеачкото мнозинство.

Од партијата за Канал 5 потврдија дека во 18 часот ќе одржат Централно претседателство.

Оставките на Заев и состанокот на Алтернатива беа закажани за вторник , но поради тридневната жалост се поместени за утре.