Заев уште тврди дека Рашковски е невин

Премиерот Зоран Заев сѐ уште верува дека поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски е невин. На прашањето од новинарот, дали и покрај трите нови обвиненија поднесени против него, сѐ уште верува дека е невин.

„Да, секако. Верувам дека е невин. Но, кој сум јас, тоа треба да го каже судот и секако правосилна судска пресуда“, рече Заев вечерва за Рашковски.