Заев убеден во победа, вели предвремени во 2024-та (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев, во синоќешниот ТВ дуел на Канал 5 со Христијан Мицскоски избегна да даде одговор на прашањето „што доколку СДСМ не победи на претстојните локални избори“ односно „дали ќе прифати предвремени парламентарни избори“, кое новинарот Гоце Михајлоски неколкупати му го постави.

„Можете уште 10 пати да го поставите прашањето, најдоброто ќе победи на овие избори“, рече Заев.