Зоран Заев, досегашниот лидер на владејачката партија одново е избран за претседател на партијата по денешната убедлива поведа на внатрепартиските избори.
Централната изборна комисија на СДСМ информира дека од преброените ливчиња од 227 од вкупно 237 избирачки места, за Зоран Заев гласале 59.240 членови, 865 биле против, а имало 277 неважечки ливчиња.
На внатрепартиските избори во СДСМ, правото на глас го искористиле 90 отсто од вкупно регистрираните 68.999 членови.