Владината служба за пропаганда во неделата не ги објави сите активности на премиерот Заев кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски беше во Подвис.

Зоран Заев беше на увид на реконструкција на патниот правец Кривогаштани-Житоше на настан, на кој присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, градоначалникот на Општина Кривогаштани, Рубин Шефтероски, градоначалникот на Општина Долнени, Џемил Ќамили и директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“, Беким Мемеди,

На владините профили на социјалните мрежи беше објавен официјалниот дел од посетата на премиерот во кој тој и Бочварски држат говори или се среќаваат со нивни поддржувачи но не и видеата од средбите во кои разговара со обични граѓани.

На видеото објавено од владата од средбите со граѓани односно најверојатно со активисти на СДСМ атмосферата изгледаше вака.

Владата не ја објави атмосферата од средбите со обичните луѓе кои дојдоа да му ги кажат своите маки на премиерот кој во еден момент откако тензијата расте а граѓаните поставуваат незгодни прашања од нејасни причини дава наредба да запре снимањето.

Тоа што дотогаш е снимено доволно зборува што мисли обичниот народ кој не дошол по партиска наредба на средба со премиерот.

Видеото од жолчната расправа на премиерот со граѓани во твитот.