Заев со „фала“ за професионалноста и на медиумите за кои најави истраги

Се обидува ли Лидерот на СДСМ Зоран Заев да ја спушти топката со медиумите кои отворено ги нападна пред два месеци.

На денот на слободата на медиумите 3 Мај екс премиерот им се заблагодари на сите македонски медиуми за нивната професионалност и одговорно известување во текот на коронакризата.

Тој им се обрати на сите медиуми во Македонија вклучително и на ТВ Алфа и порталите Лидер, Република, Курир и Нетпрес, кои претходно неговата партија и тој лично отворено ги нападна поради уредувачката политика.

“Оваа година Светскиот ден на слободата на медиумите го одбележуваме во услови на пандемија и сериозни здравствено-економски предизвици.

Им благодарам на медиумите за професионалниот и одговорен пристап за време на кризата предизвикана од коронавирусот”, напиша Заев во пораката упатена до сите медиуми за 3 Мај без да исклучи медиумите против кои предходно видеше војна и откри дека против некој од нив се водат истраги.

Повеќе меѓународни и домашни набљудувачи како погрешна и анхидемократска ја оценија политиката на Заев и СДСМ да ги нападнат критички настроените медиуми.

На последната листа на слобода на медиумите Македонија е на 92 место а на пример Косово е на 70 место.