Заев: Со Бугарија имаме решение кое е прифатливо за двете страни (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев синоќа откри дека е можно решавање на спорот со Бугарија, а дека причините што и овој пат не добивме зелено светло за преговори со ЕУ е затоа што во Софија има привремена влада.

„Со Бугарија имаме решение кое е прифатливо за двете страни“ рече премиеро во интервју за ТВ 21.

„Сакам да верувам, не можам да потврдам но сакам да верувам дека и овој пат не добивме зелено светло затоа што немаат парламент и немаат политичка Влада, заради тоа што знам што разговарав во Бугарија и знам дека се адресирани грижите на Бугарија и нема друго решение освен да оставиме времето да покаже дека искрено сакаме да градиме пријателство со нашиот источен сосед Бугарија“, посочи Заев.