Откако во јуни минатата година на училишна табла во Куманово го напиша на латиница името на градот така што на местото на буквата „м“ остави отисок со кредата што многумина го прочитаа како кирилично „ш“, поранешниот премиер Зоран Заев денеска со нова „егзибиција“.

Поздравувајќи ја победата на ГЕРБ на експремиерот Борисов на парламентарните избори во Бугарија, бившиот лидер на СДСМ во својата објава на Фејсбук го напиша името на својот „добар пријател“ како „Боико“, а не Бојко, како што налага правописот на македонскиот јазик.

Верзијата на Заев на името на Борисов е поблиска до бугарскиот јазик, иако и таму Бојко не е „Боико“, туку „Бойко“.