Заев се жртвуваше за да ги поправи шансите на Македонија визави ЕУ и Бугарија, смета Бучковски! (ВИДЕО)

Некогашниот премиер Владо Бучковски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 излезе со досега нечуена теорија за мотивот на Зоран Заев да поднесе оставка на премиерската функција по дебаклот на СДСМ на локалните избори.

„Оставката во вакви околности, имајќи предвид со што се соочува Република Македонија, не беше потребна. Со оставка за изгубени локални избори, со оваа своја жртва, мислам и претпоставувам дека Заев калкулира оти би ги поправил шансите на нашата држава визави позициите на Европската унија и посебно на Бугарија“, објасни претставникот на Владата за односите со Бугарија.

Целиот одговор на Бучковски за оставката на Заев: