Во изјава на Фејсбук која нема многу здрава логика премиерот Заев како успех го прикажува пријавувањето на Сашо Мијалков во Обвинителството.

Заев зборува за акција а Мијалков рече дека имал температура од 40 степени и не знаел дека го бара полицијата.

Нејасно е во што се состои успехот на владата со кој се пофали Заев.

“После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:
Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!

Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!

Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана”, пишува Заев откако Мијалков се пријави сам во судот.