Премиерот Заев на денот на кој неговата партија организира дигитален конгрес тврди дека во изминатите речиси четири години, СДСМ носи државнички успеси.
“Тоа се историски успеси на нашата татковина, гордо исправена, слободна, економски силна и развојна, која чекори напред, по вистинскиот пат.
Успесите се заеднички, наши и на граѓаните, на целиот народ”, пишува Заев заборавајќи да спомене дека Македонија се уште не доби датум за преговори, драматично го зголеми својот надворешен долг, се наоѓа меѓу земјите со најмалку вакцинирани граѓани и е на едно од водечките места според бројот на починати од Ковид-19 .
Во изминатите речиси четири години, #СДСМ носи државнички успеси.
Тоа се историски успеси на нашата татковина, гордо исправена, слободна, економски силна и развојна, која чекори напред, по вистинскиот пат.
Успесите се заеднички, наши и на граѓаните, на целиот народ.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) May 16, 2021